LA FAMILIA - East Gate Mall

Почетна > Брендови > LA FAMILIA

LA FAMILIA

Отворено секој ден

Спрат:

-02

Вебстрана:

https://lafamilia.mk/

Телефон:

071/223-000

Социјални мрежи:

За нас

Зошто La Familia?

Зошто франшизата ја нарековме – La Familia?

Едноставно, затоа што сакавме да создадеме полна асоцијација кон семејството, топлината, посветеноста и грижата.

Затоа што и во есенцијата на нашата деловна етика се водиме од мотото дека ние сме една фамилија, едно семејство со нашите ценети потрошувачи, партнери и соработници.

Кои сме ние во La Familia?

Ние во La Familia сме како една фамилија.

Ние се грижиме за нашите пријатели како да сме свои меѓу своите. Тоа го покажуваме преку убавата и пријатна атмосфера кај нас, дома; Преку топлиот однос и вниманието што ти го укажуваат нашите вработени; Преку нашата ценовна политика, која што води грижа за твојот паричник, која што внимава за тебе секогаш да добиеш понуда која што не можеш да ја одбиеш…

Те покануваме и Ти да станеш дел од нашето семејство!

Што е La Familia?

La Familia е она што му требаше на пазарот – нов и уникатен концепт на премиум продавница, со цени кои што го почитуваат домашниот буџет.

La Familia е малопродажен објект во форматот на Liquor, Tobacco & Gift Shop, концепт во кој што нудиме фокусирани содржини во портфолиото за поширока потрошувачка публика, со тематско ентериерно уредување, како контарпункт од некои минати времиња – за некога бурни, за некого носталгични; и модерното доба – претставено со воведување на новите трендови и cutting edge технологии во малопродажбата.

Како што се, на пример, дигитални презентации и нотификации за призводите на самото место и уште многу друго што ќе нè одвојува од останатите на понудата на пазарот.

Што да очекуваш од La Familia?

Ние ја воведуваме новата содржина во малопродажбата.

Во La Familia нудиме внимателно селектирани производи и беспрекорна услуга; Ставаме на избор светски топ брендови на алкохолни пијалоци, безалкохолни пијалоци, топли и ладни напитоци, селетирани кондиторски производи, тутунски приозводи, најразлични внимателно избрани и tailor-made подароци, како и други специфични производи и услуги својствени за ваков тип на специјализиран малопродажен објект.

Портфолио

Алкохолни пијалаци

Нашите партнери се оние кои што го нудат најдоброто на пазарот на алкохолни пијалаци во светот. Нема поголем предизвик од тоа да го донесеме најдоброто за тебе, пред тебе. Уживај одмерено и одговорно: Ако возиш – не пиј:  Ако пиеш – не вози…

Вино

Е тука сме навистина специјалисти. Имаме посебно подготвен дел, чувствувај се како да си во винаријата што си ја барал одамна. Изборот е тежок: го имаме најдоброто од Македонија; највпечатливото од Регионот; најскокотливото од врвните италијански, француски и други мајстори на винскиот занает. Пробај го и виното со нашата етикета – La Familia. Ќе се вратиш повторно по него…

Безалкохолни пијалаци

Изборот на безалкохолни пијалаци го сведовме на врвни брендови, на top-of-the-mind. Секогаш студено, подготвено за твое задоволство и освежување. Изборот е твој…

Подароци

Има ли некој што не сака подароци? Мали и големи; солени и благи; За роденден или за именден; За годишница од бракот или за првиот состанок; За новото вработување или за пензионирање. Ќе ни биде задоволство да ги слушнеме твоите барања, да помогнеме во изборот, а сето тоа вкусно и елегантно да го спакуваме. Истакни се од другите…

Прехрамбени производи

Ова е време на брзо живеење. Да, знаеме дека многумина од вас сметаат оти “во она време” беше поинаку. Но, ова се модерни времиња, така што доколку имаш намера да се закрепнеш со некаков свеж или вакумиран сендвич, грицки, чоколадо или нешто друго, во La Familia имаш дел посебно за тебе. Одбери си…

Непрехрамбени производи

Имаш на ум нешто друго? Цигари и призводи од тутун; можеби цигарилоси или пури? Провери во нашиот хјумидор, имаме перфектен избор за тебе. А, можеби си во потрага по нешто друго? Побарај на полиците. Нашиот персонал со задоволство ќе ти помогне. Само прашај…

Услуги

Ти стоиме на располагање да ти го заштедиме твоето време, напор и, секако, пари. Наплата на сметки; лотариски игри на среќа; други услуги. На едно место во La Familia можеш да завршиш работа како на неколку шалтери низ градот. Побарај ја услугата за тебе…

Разно

Има ли нешто што не набројавме? Секако дека има. La Familia е замислена како концепт кој што ширум ти ги отвора вратите и каде што можеш да најдеш сè што ти треба. Ако не најдеш, веројатно не си успеал да го видиш. Во секоа време персоналот е подготвен да ти помогне…