Office Plus - East Gate Mall
Назад

Office Plus

Отворено секој ден

Спрат:

01

Вебстрана:

https://www.officeplus.mk/

Телефон:

075/217-058

Телефон:

02/5113-413

Социјални мрежи:

Office Plus е лидер на пазарот за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали и услуги, патна и училишна опрема, канцелариски мебел и промотивни материјали.
Во нивната широка палета на производи можете да најдете сé што ви е потребно за успешно работење во вашата канцеларија или компанија, од мебел по мерка за функционален и елегантен работен простор, секаков вид канцелариски материјали, до деловни подароци и производи за промоција со опција за брендирање по ваша желба.
Office Plus е основана во 1996 година и во текот на своето 25 годишно присуство на пазарот постојано ги следи модерните трендови, но и потребите на своите клиенти нудејќи иновативни решенија, висококвалитетни брендови и најдобри цени и услуги.
Во нивното портфолио влегуваат најреномираните светски брендови, “Staedtler”, “Samsonite”, “Schneider”, “Faber Castell”, “Bisley”, “Navigator”, “Parker”, “Senator”, “Delta”, “Noki”, “Daler Rowney”, “Durable”, “Giotto”, “Hailo”, “Linc”, “Pierre Cardin”, “Anekke”, како и многу други, со што надминуваат бројка од 100 интернационални брендови.
Како современа и иновативна компанија која ги следи модерните трендови и ги имплементира во своето работење Office Plus воведе и разви онлајн web shop, www.officeplus.mk, сé со цел брзо и ефикасно да одговори на потребите на своите потрошувачи.
Успешната бизнис приказна на Office Plus денес брои над 160 вработени и 23 малопродажни објекти низ Македонија. Водејќи се од основната мисија – Пријател на вашата канцеларија – Office Plus континуирано расте и се развива со една единствена визија – секогаш и секаде да го понудат најдоброто за вас.