Храброст, истрајност, успех, инспирација. Жена. - East Gate Mall
?>

Храброст, истрајност, успех, инспирација. Жена.

image of the store

Секогаш тука за тие што им значат. Подготвени да го дадат најдобриот совет, поддршка или своето време. Секогаш тука за потребите и за желбите на нивните блиски, често забораваат дека треба да се наградат и да направат нешто убаво за себе.

Токму нивната посветеност, несебичност, истрајност, храброст, се инспирацијата зад нашата најнова кампања, која ги слави жените и нивните достигнувања, но и ги потсетува да им дадат приоритет на своите желби.

Преку соработка со неколку жени од различни професии и сфери на општеството, секоја успешна и инспиративна на свој начин: м-р Олга Панго, балерина, кореографка и уметнички раководител на Балетот при МОБ, која има впечатлива кариера зад себе, фоторепортерката Арбнора Мемети, која преку својот објектив секојдневно ги покажува својата храброст и љубовта кон професијата, и младата актерка Антонија Белазелкоска, која континуирано реди успеси и посветено ја гради својата кариера, ја пренесуваме нашата порака до сите жени:

ТИ СИ ЦЕНТАР – секој ден!