УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ - East Gate Mall

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ ЗА  АПЛИКАЦИЈАТА East Gate Mall во сопственост на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје

 

Грижата за клиентите и нивната приватност претставува приоритет во Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје

 

Мобилната апликација East Gate Mall управувана од Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје е корисничка апликација преку која корисниците може да се информираат за услугите, брендовите, настаните и промоциите на East Gate Mall и закупците во East Gate Mall.

 

Секој корисник со користење на мобилната апликација East Gate Mall се согласува со овие правила и услови на користење. Правото на користење на апликацијата East Gate Mall е лично на секој корисник и не е преносливо на друго лице или субјект. Секој корисник е одговорен за податоците кои ги внесува во апликацијата и доверливоста и вистинитоста на истите.

 

Мобилната апликација ќе биде достапна за сите корисници на Android и iOS оперативни системи. Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје не е одговорна доколку има пречки во достапноста на сервисите кои се надвор од контрола на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје.
Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје си го задржува правото да ја прекине  или привремено да биде ограничен пристапот на услугата на мобилната апликација доколку се врши реконструкција, модернизација, одржување и во случај на технички пречки или недостатоци на мрежата воопшто или некои дополнителни активности. Крајниот корисник ќе биде информиран навремено во случај на прекин на  мобилната апликација East Gate Mall преку информативните канали кои ги користи тимот на Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје

 

 

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје на сите корисници на мобилната апликација East Gate Mall им ја гарантира заштитата на лични податоци согласно одредбите на Законот за заштита на лични податоци.

Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика на приватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информации што Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје ги собира од нив.

Со пристапот или со користењето на оваа апликација, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на апликацијата. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа апликација.

 

СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ

Кога корисникот ќе пристапи и ќе се вклучи кон оваа апликација, од него ќе бидат побарани одредени лични податоци. Ако корисникот не достави некој податок што е задолжителен за одредена активност, нема да може да ја користи оваа апликација.

Со самото прифаќање на апликацијата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци. Кога корисникот ќе ја посети апликацијата, Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопјеи/или неговите овластени даватели на услуги може автоматски да ги собираат неговите лични податоци, со помош на достапните електронски алатки. Личните податоци кои се собираат се: валидна е-маил адреса, име и презиме, пол, возраст и град на живеење. Корисникот има опција да селектира и точки на интерес (мода, гастрономија, забава, спорт и електроника)

 

ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје ќе ги обработува и чува Вашите лични податоци собрани преку апликацијата во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во СРМ. Вашите лични податоци нема да бидат неовластено откриени на трети лица. Истите ќе се чуваат во неопределен временски период за исполнување на целта заради која се собрани. Корисникотна мобилната апликација има право во било кој момент да го деактивира својот кориснички профил, со тоа што личните податоци автомацки ќе бидат перманентно избришани.

Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон.

 

ОБЈАВУВАЊЕ НА ДРУГИ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје може да открие или да сподели други податоци и информации на корисникот со неговите соработници и со поврзаните друштва. На пример, може да ги сподели собраните демографски информации како пол, возраст, интереси и локација на живеење (што не вклучуваат информации што го идентификуваат корисникот) со трети лица, вклучувајќи и агенции за огласување, со цел преку употреба на мрежни ознаки да се обезбедат содржини и услуги за кои корисникот би бил заинтересиран, односно за постојано подобрување на квалитетот на нашите интернет-страници. Појаснуваме дека не се работи за лични податоци на корисникот, туку само за информации за сумирани активности на нашите корисници.

 

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИТЕ

Еаст Гате Малл Д.О.О.Е.Л увоз-извоз Скопје презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Целокупната документација за софтверските програми за обработка на личните податоци и сите негови промени се евидентира и чува во согласност со Правилникот за безбедност на обработката на лични податоци на Агенцијата за заштита на личните податоци. За да се обезбеди сигурност на личните податоци на корисникот, истите се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само лица кои имаат овластување за пристап, при што се врши енкриптирање на одредени чувствителни податоци и информации.

Сепак, мора да се напомене дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што се преземаат разумни мерки за заштита на личните податоци, не може да се гарантира апсолутна заштита на која било информација пренесена на или од нашата апликација.

 

Бришење на податоците

 Доколку корисникот на своја волја ја деактивира мобилната апликација од својот мобилен уред и по одреден временски период повторно сака да ја користи, потребно е повторно да ја преземе апликацијата и да креира нов кориснички профил.

Доколку корисникот го контактира тимот на Ист Гејт Мол за целосно да му се деактивира профилот и за следно користење на мобилната апликација, ќе биде потребно да креира нов профил со нова маил адреса.

 

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на оваа апликација. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени.  При измена на Политиката за приватност секој корисник ќе биде известен преку нотификација која ја испраќа Еаст Гате Малл. Продолжувањето на користењето на нашата апликација од страна на корисникот, по влегувањето во сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност.

 

КОНТАКТ

Доколку имате какви било прашања во врска со заштитата на личните податоци, Ве молиме да ни испрати електронска порака на адресата за заштита на личните податоци personal.data@seg.mk